Монтреал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Монтреал
Монтреал
Монтреал
Официјално знаме на
Знаме
Официјален грб на
Грб
Mестоположба
Општи податоци
Прво доселување 1642
Основан 1832
Управа
Градоначалник Гералд Тремблеј
Географија
Површина 431.50 km²
Население
Население 1.704.694 (2016)

Монтреал (француски: Montréal) е најнаселен град во канадската провинција Квебек, и вториот најнаселен град во Канада. Првично наречен Вил-Мари, или „Градот на Марија", Монтреал е именуван по врвот Ројал кој се наоѓа во центарот на градот. Градот се простира на островот Монтреал кој е именуван по истиот врв и на неколку многу помали периферни острови, од кои најголем е Ил Бизар. Монтреал има специфична континенална клима со четири сезони, топли и жешки лета и студени, но, снежни зими.

Според пописот во 2016 година, градот бил населен со 1.704.694 жители. Пошироката област на Монтреал е населена со 4.098.927 жители. Службен јазик на градот е францускиот јазик, јазик кој го зборуваат 49,8% од населението во градот. На англиски зборуваат 22,8% од населението а останатите 18,3% зборуваат други јазици. Во проширената област на Монтреал, 65,8% од населението зборува француски дома, во споредба со 15,3% кои зборуваат англиски. Монтреал е еден од градовите во Квебек и Канада каде има најголем процент на население кои говори два јазика; дури 59% од населението може да зборува англиски и француски. Монтреал е втор по големина главно француски град во светот, после Париз. Градот се наоѓа на 258 километри југозападно од градот Квебек.

Монтреал во минатото бил најглавниот центар за финансии и трговија во Канада, но, бил надминат од Торонто и во број на население и економска активност во 1970-тите години. Монтреал е сѐ уште важен центар за трговија, како и за воздушната, транспортната, финансиската, фармацевтската и технолошката индустрија. Исто е и центар за дизајн, образование, уметност, култура, туризам, храна, мода, игри, и филм. Монтреал има втор најголем број на конзулати во Северна Америка и е седиште на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. Во 2006 година, Монтреал бил прогласен за град на дизајн на УНЕСКО. Во 2017 година, Монтреал бил рангиран за 12-тиот најубав град за живеење во светот од страна на единицата за информации на списанието Економист како и за најдобриот универзитетски град во светот според британската организација Квак-карели Симондс. Монтреал е домаќин на повеќе меѓународни конференции и настани, вклучувајќи ги и Меѓународната и Универзална изложба во 1967 година и Летните олимписки игри во 1976. Тоа е единствениот канадски град во кој се имаат оддржани летни олимписки игри. Во 2016 година, Монтреал бил рангиран за светски Бета град. Градот е домаќин на повеќе фестивали и светски настани кои се оддржуваат секоја година, вклучувајќи ги и канадскатата Формула 1 Гран При, интернационалниот џез фестивал на Монтреал и фестивалот за комедија „Да се насмееме“.